logo
logo
logo

Милош побара помош, НЕ ДОБИ НАВРЕМЕ - Семејството на починатиот 32-годишен скопјанец му пиша на Филипче

Vecer | 09.02.2021

Милош побара помош, НЕ ДОБИ НАВРЕМЕ - Семејството на починатиот 32-годишен скопјанец му пиша на Филипче

Семејството на 32 годишниот скопјанец, за кој вчера министерството за здравство информриаше дека починал од компликации поради коронавирусот, на Фејсбук обраќајќи се до министерот Венко Филипче, велат дека тој побарал лекарска помош, но не ја добил.

- Денес 32 годишен скопјанец ја загуби битката со коронавирусот…. не, Венко Филипче, Милош Бисовски не е само статистика. Без претходни коморбидитети, на 24.01.2021 добива позитивен тест на коронавирус, на 26.01. веќе бара лекарска помош. Со крвна слика која и лаик да ја види ќе сфати дека нешто не е во ред, висока температура, дијагностицирана пневмонија и сатурација 93- 2 пати го враќаат дома да пие Трицеф, вели Наде  Костадиновски на Фејсбук.

Таа потенцира дека Милош не побарал доцна лекарска помош, туку дека побарал помош, но не ја добил на време.

- Можеби ако здравствениот систем функционираше како што треба, денес немаше толку срца да бидат скршени и едно осум месечно бебе да остане без татко, истакна таа.

Истото го потврдува и неговата сопруга која напиша дека Милош пристојно молел за помош, но го оставиле на домашна нега, за потоа да кажат дека доцна е хоспиталзииран.

-Милош не само што побара туку пристојно замолуваше за соодветен третман, а тие вашите господине Венко Филипче наместо да кажат да си го бараме чарето го оставија на домашна нега за подоцна истите тие да кажат дека е доцна хоспитализиран… И точно не е тој статистика тој е една изгубена надеж во нашето семејство ама совеста ви знае за понатаму, пишува сопругата на Милош, Бранкица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk