logo
logo
logo

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Во болница 74-годишен тетовец од повреди што му ги нанела снаата

Vecer | 08.03.2021

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Во болница 74-годишен тетовец од повреди што му ги нанела снаата

Тетовската полиција евидентира случај пријавен од Тетовската болница при што 74 годишник за здобиените повреди ја посочил снаата како сторител. Тој бил донесен во тетовската Клиничка болница вчера околу 23 часот и 30 минути.

-Седумдесет и четиригодишен жител на тетовско село, вчеравечер околу 23 часот и 30 минути бил пренесен во тетовската Кличничка болница за укажување на лекарска помош, откако половина час пред тоа физички бил нападнат и повреден од неговата 27-годишна снаа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тетовската полиција бележи уште една пријава за физички напад. Вчера 46 годишник пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат на  улица „107“ од Н.С.(19) и Р.Т.(22), двајцата од Тетово.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk