logo
logo
logo

Селото Песјак ЕВАКУИРНИ, пожарот стигна до куќите, селаните велат хеликоптерот е повлечен (ВИДЕО)

Vecer | 04.08.2021

Селото Песјак ЕВАКУИРНИ, пожарот стигна до куќите, селаните велат хеликоптерот е повлечен (ВИДЕО)

По 14 часот попладнево повторно се разви пожарот во маалото Пајсак во делчевското село Нов Истевник. Иако утрово гасеа хеликоптери на Армијата, поради ветрот пожарот веќе зафати куќи од горниот дел на селото. На терен се прави обиколка со трактор каде што е најизразен пожарот, а во меѓувреме населението е евакуирано во пониските делови на почетокот на селото.

На терен се пожарникари од Делчево, Берово, Македонска Каменица, припадници на Армијата, локално население, доброволци, Шумско стопанство кои учествуваат на негово локализирање. Ситуацијата е алармантна. Во моментот она што е најважно според учесниците во гаснењето е да се приклучат трактори..

Жителите кои ги сретнавме велат дека цел ден гори, а околу 15 часот се разгори. Глетката е страшна.  Жителите меѓу себе се договараат да се вклучат со трактори во акцијата за гасење, бидејќи сите се испаничени. Мештаните ќе се вклучат и со рачно гребење со цел пожарот да не се спушти во селото. Велат дека било проценето дека нема потреба од хеликоптер и тој бил повлече, а во моментот нема никој кај огнот, односно никој не го гаси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk