logo
logo
logo

Селмани: Заев избрза со понудата за широка влада

Vecer | 08.03.2021

Селмани: Заев избрза со понудата за широка влада

Имер Селмани во вечерашното гостување на телевизија Телма оцени дека премиерот Зоран Заев избрзал со понудата за широка влада.

-Премиерот избрза само после 2- 3 дена откако ја потврди довербата во Собранието да понуди широка влада, која ниту се сфати, ниту се прифати. Зошто така набрзина се случи една таква сериозна понуда?

Мислам дека изворот на понудата лежи во самата основа и голема желба на премиерот да има помирување во базата, која тој ја нарече едно општество за сите. За жал, тоа не наоѓа плодна почва на Балканот, кога имаме ваква поделба во општеството. Желбата за едно општество за сите премиерот ја даде недоволно обмислена, смета Селмани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk