logo
logo
logo

Селмани: Никој не ме прашал дали сакам да бидам ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ

Vecer | 04.06.2021

Селмани: Никој не ме прашал дали сакам да бидам ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ

Откако денеска во медиумите се пишуваше дека поранешниот министер за здравство Имер Селмани ќе биде заедничкиот кандидат за градоначалник на Скопје на СДСМ и ДУИ на претстојните локални избори, тој за Фокус кажа дека со него вна таа тема воопшто не се дискутирало.

„Не, не, не е разговарано, барем со мене не“ – изјави Селмани.

Сепак, тој не даде одговор на нашето прашање дали ако постои таква можност, би прифатил.

Откако денеска во јавноста излегоа информациите за Селмани, се огласи и премиерот Зоран Заев. Тој демантираше дека СДСМ и ДУИ воопшто разговарале за заеднички кандидат за градоначалник на Скопје.

-Не, воопшто не е разговарано за таква работа за заеднички кандидат или компензации или нешто слично. Се работи за политичка платформа, перспективи, иднина итн, рече Заев по настанот во Штип.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk