logo
logo
logo

Села

„Што бараше вицепремиерот и 20 партиски членови да шетаат по изгорената модуларна?“

Vecer | 15.09.2021

„Што бараше вицепремиерот и 20 партиски членови да шетаат по изгорената модуларна?“

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во гостувањето во „Анализа“ на ТВ24  прашува што бараше заменик премиерот заедно со група од над 20 партиски членови да шета по модуларната болница која веќе беше изгорена, веднаш наредниот ден.

Села прашува и дали тоа значи дека со самиот пристап внатре во забрането место, каде се ставаат ленти и каде не смее никој да има пристап, да има фотографии каде тие се присутни внатре.

Дали ова оневозможува на истражителите да ја откријат причината за пожарот? Дали некои од тие 20 може да фрли некој таму нешто за да служи наводно како доказ дека се најде причината за пожарот?, вели Села и потенцира дека му е чудно како можат правобранителите да гледаат како некој без разлика на позицијата да објавува фотографии и да биде присутен внатре во просторот што е обезбеден, а да не биде повкан на разговор.

Тој потенцира дека  за тетовската трагедија никој не треба да биде поштеден од одговорност, ако не сакаме да ни се повторат вакви трагедии, порача во вечерашната „24 анализа“ Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.

- Секогаш кога имаме ваков настан, ни се навраќаат и другите трагедии, како онаа со „Дурмо турс“ за која до ден денес не го знаеме исходот, дали некој завршил во затвор. Знаеме дека таквите граѓани се блиски со одредена полтичка партија и не ја знаеме завршницата. Не можам да ги сфатам дефилеата на политичари истата вечер и тоа повеќе налкуваше на средба на партнерите на коалицијата за да смислат пи-арот како ќе изгледа. Ние не ги знаеме ниту имињата на жртвите, барем за тоа се должни институциите. Сè што знаеме е дека оваа работа не треба да се злоупотреби политички, вели Села.

Според Села, немаше да ни се случи ваква трагедија доколку имавме добри болници. Во врска со истрагата вели дека го интересира

Села смета дека оставките треба да се прифатат. Моралната одговорност треба да се прифати, во спротивно премиерот мора да си замине.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk