logo
logo
logo

Села на средба со Мицкоски- потврдена заемна поддршка во вториот круг

Vecer | 21.10.2021

Села на средба со Мицкоски- потврдена заемна поддршка во вториот круг

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во просториите на Собранието на Република Северна Македонија, се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого разговараше за текот на изборниот процес и понатамошните чекори.

На средбата беше потврдена заемната поддршка во вториот круг, за општините за кои имавме договор за првиот круг, информираат од Алијанса за Албанците.

Известуваат дека коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернативата е стабилна и дека работат заедно на создавање ново парламентарно мнозинство во како што наведуваат, многу краток период.

„И покрај манипулациите, притисоците, купувањето на гласови и злоупотребите, граѓаните докажаа дека се против Владата, и сегашната власт веќе нема легитимитет да ја води земјата ниту на локално ниту на централно ниво“, потенцираат во соопштението од оваа партија.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk