logo
logo
logo

Села: Изјавите на премиерот се логика од Средниот век и се однесува како владетел

Vecer | 23.09.2021

Села: Изјавите на премиерот се логика од Средниот век и се однесува како владетел

Овие изјави на премиерот Зоран Заев се логика од Средниот век и се однесува како владетел, бидејќи во тоа време правата на граѓаните зависеле од добрата волја на владетелот или царот, истакна претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот дека пописот нема да доведе до ретроградни процеси.

Села изјави дека точно предвидел што ќе се случува со пописот уште кога бил одложен.

– Ние сме тука за да почитуваме закон, а законот е јасен, дека вкупниот број на населението е збир на резидентното и нерезидентното население. Овие изјави на премиерот се логика од Средниот век и се однесува како владетел, бидејќи во тоа време правата на граѓаните зависеле од добрата волја на владетелот или царот. Не живееме во такво време, рече Села.

Ние имаме потреба, истакна тој, правата кои следуваат да бидат гарантирани и наместо празни зборови треба реално да се седне и овие дефиниции кои даваат привременост треба да се заменуваат со точни дефиниции за албанскиот јазик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk