logo
logo
logo

Села до Заев: За жалење си премиере

Vecer | 16.09.2021

Села до Заев: За жалење си премиере

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села преку Фејсбук му одговори на премиерот Зоран Заев на изјавата дека премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, а не да ја користи грозотијата на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, сѐ од пуста желба за власт, да се победи.

„ За жалење си премиере, толку многу ве заслепи власта што не оставивте вредност во чие име дојдовте на власт, без да ja прегазите. Но, не заборавајте едно, не сме сите исти. Тешко е да ја разберете суштината на оставката, бидејќи вие тоа го немате во себе. А тоа е совестa и моралот, а не власта“, му порача Села на Заев.

https://www.facebook.com/122920461172102/posts/2386046211526171/?d=n

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk