logo
logo
logo

СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ во Гостивар, случајот го пријавила мајката

Vecer | 12.04.2021

СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ во Гостивар, случајот го пријавила мајката

Мајка пријавила дека синоќа во дворот на семејната куќа во Гостивар, нејзината ќерка била сексуално вознемирена од малолетник.

Според СВР Тетово, четириесет и тригодишна гостиварка ноќеска (12 април), педесетина минути по полноќ, пријавила дека еден час пред тоа малолетник ја допирал по интимните делови од телото нејзината малолетна ќерка.

Настанот според пријавеното, се случил во дворот пред нивната семејна куќа во Гостивар, каде девојчето било со уште две други малолетници лица, а лицето потоа набрзина го напуштил местото.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk