logo
logo
logo

Секретарот на охридската болница кажа зошто се вакцинирал преку ред

Vecer | 21.02.2021

Секретарот на охридската болница кажа зошто се вакцинирал преку ред

Се огласи секретарот на Охридската болница по вчерашниот скандал.

Ја примив вакцината бидејќи сум член на Кризниот штаб и сум во директен констант со целиот медицински тим кој влегува во Ковид центарот, вели секретарот на охридската болница Антонио Наумоски, кој меѓу првите се вакцинираше против Ковид-19.

Тој тврди дека не постоел приоритетен список туку список на вработени кои сакаат да се вакцинираат па поради тоа не чувствува одговорност и посочи дека во сето ова е вмешана политика.

Директорот на Охридската болница Балески вели дека Наумоски со целиот медицински тим бил вклучен во повеќе задачи меѓу кои и дотур на боци за кислород и најави ревидирање на списокот во болницата.

Министерот за здравство го осудува прекршувањето и непочитувањето на Националниот план за вакцинација против Ковид-19, и најави дека утре изутрина ќе има разрешница за случајот во Охрид. Министерот уште синоќа побара од ОБ Охрид да достават извештај во врска со случувањето. Дополнително МЗ укажува дека за секое непочитување на планот за вакцинација ќе следат санкции.

Ќе се ревидираат списоците за вакцинација доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција. Секаде каде што ќе биде утврдено пропуст ќе има соодветна пријава за истото, посочуваат од Министерството за здравство.

И премиерот Заев денеска побара да не се злоупотребуваат вакцините.

Верувам дека ќе се преземат конкретни чекори со цел да не се повторат вакви случаи на вакцинирање надвор од протоколот, изјави денеска во Пробиштип премиерот Зоран Заев

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk