logo
logo
logo

Секоја банка САМА ЌЕ ПРОЦЕНИ ЗА КАМАТИТЕ

Vecer | 16.05.2022

Секоја банка САМА ЌЕ ПРОЦЕНИ ЗА КАМАТИТЕ

Одлуката на Народната банка за зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени е очекувана одлука во дадениот макроекономски амбиент, а пред сè на глобално ниво, но додаваат оти секоја од банките ќе прави проценка и ќе донесе одлука околу евентуалното менување на каматните стапки на кредитите и депозитите, велат од Македонската банкарска асоцијација (МБА) велат дека

Банките и штедилниците ги следат сигналите на монетарната политика, а секоја од банките ќе прави проценка и ќе донесе одлука околу евентуалното менување на каматните стапки на кредитите и депозитите, велат од Македонската банкарска асоцијација (МБА) по најновото зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени.

„Нашите членки, банките и штедилниците, ги следат мерките и сигналите на монетарната политика и секоја од нив, во зависност од своите деловни политики и конкретните околности на пазарот прави проценка и одлука околу евентуално менување на каматните стапки на кредитите и депозитите“, се вели во одговорот од Македонската банкарска асоцијација.

Во секој случај, велат од МБА, во дадениот макроекономски амбиент, пред сè на глобално ниво, ова е очекувана мерка од нашата Централна банка.

Претходно денеска, Народната банка на РСМ соопшти дека по априлското зголемување на основната каматна стапка, сега е направено дополнително зголемување за 0,25 процентни поени, со што таа сега достигна ниво од 1,75 проценти. При донесувањето на ваквата одлука, информираат од Народната банка, биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk