logo
logo
logo

ПРИВЕДЕН УГОСТИТЕЛ

Секој ден приведувања, затворања локали... ЏАБЕ: Мерките НЕ се почитуваат!

Vecer | 11.03.2021

Секој ден приведувања, затворања локали... ЏАБЕ: Мерките НЕ се почитуваат!

Во текот на вчерашниот ден, во 19: 10 часот полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на ул.„ЈНА“ во Тетово, сопственост на С.Г.(37) од Тетово.

При контролата било констатирано дека не биле почитуваните протоколите за работа на угостителските објекти, односно на масите имало повеќе гости од дозволеното.

Сопственикот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk