Седница на Советот за следење на реформите во судството – „Сакаме да ги чуеме туѓите искуства“

Советот за следење на имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудниот сектор на Владата ја одржа својата четврта седница, на која се разгледуваа Законот за јавното обвинителство и Законот за кривичнатас постапка, а беа ислушани и искуствата на САД и Хрватска презентирани од јавните обвинители Џон Мекнил и Драган Новосел.

Јавниот обвинител на САД, Џон Мекнил, рече дека за судските постапки е битна транспарентноста, но и отпорноста на институциите, односно независноста на правосудните институции.

Обвинителот Мекнил ја поддржа работата на специјалното јавно обвинителство и побара тоа да си ја заврши работата. Во однос Академијата за судии и јавни обвинители, обвинителот Мекнил смета дека новото раководство треба да спроведе одредени реформи. Тој нема дилеми дека има и такви луѓе што не сакаат да успее работата на Советот за следење на имплементацијата на стратегијата за реформи во правосудниот сектор, но дека Владата мора да ја убеди опозицијата дека реформите во правосудниот систем се мост што води до Европската Унија и НАТО.

Говорејќи за искуствата на Република Хрватска, јавниот обвиинтел Драган Новосел, Поглавејто 23 го оцени како ноќен кошмар, но во исто време и како најбитно поглавје во преговорите со ЕУ. Обвинителот Новосел, инаку творец на проектот УСКОК, се залага за снимање на судските постапки, но и водење стенографија.

И обвинителот Новосел, како и амеикранскиот колега, го акцентира проблемот со недостигот на јавни обвинители. Тој им порача на членовите на Советот за реформи во правосудниот сектор дека ставовите треба да ги градат заеднички, притоа потстувајќи дека и малите зафати може да имаат своја цел, но само ако се добро насочени.

Изразувајќи задоволство од изложеното, претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, потенцира дека Владата сака да ги чуе туѓите искуства, а особено оние практики што се покажале како успешни.

На денешната седница членовите на Светот за реформи во правосудниот сектор го разгледуваа и планот за своите идни активности.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари