logo
logo
logo

Седат Пекер ПРИВЕДЕН И ПО РАСПИТОТ ПУШТЕН на слобода во Дубаи

Vecer | 14.06.2021

Седат Пекер ПРИВЕДЕН И ПО РАСПИТОТ ПУШТЕН на слобода во Дубаи

Седат Пекер за кого македонската јавност дозна откако изби аферата Мафија, во која познати криминалци и нарко босови добивале македонски пасоши, беше приведен во Дубаи и потоа по распитот пуштен на слобода.

За приведувањето објави познатиот турски новинар Алишер Делек кој на Твитернапиша  „Полицијата на ОАЕ го спроведе Седат Пекер надвор од неговата резиденција во Дубаи", напиша на Твитер новинарот.

Пекер периодов активно споделуваше видеа на Јутјуб поврзани со турските политичари, бил на распит во полицијата во Дубаи вчера, а по неколку часа бил ослободен, јави агенцијата Ројтерс, го соопштил советникот на Пекер за односи со јавноста, а и самиот тој на социјалната мрежа Твитер.

Од почетокот на минатиот месец Пекер е во Дубаи и од таму споделува видеа на Јутјуб кои имаат и по сто милиони прегледи, а во кои зборува за врските помеѓу турското криминално подземје и претставници на владејачката Партија на правдата и развојот, АКП на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

ВМРО-ДПМЕ во аферата што ја објави под името „Мафија“, тврдеше дека Пекер е еден од водачите на мафијата во Турција и дека во Скопје добил фалсификуван пасош на име Џавид Адемовски.

Пекер преку своите адвокати демантираше, но на социјалните мрежи често можеа да се сретнат фотографии со македонски функционери и бизнисмени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk