logo
logo
logo

Се ЗАПАЛИЛ автомобилот на Ѓурчиновски, началникот на Генералштабот на Армијата

Vecer | 24.09.2022

Се ЗАПАЛИЛ автомобилот на Ѓурчиновски, началникот на Генералштабот на Армијата

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој учествуваше на 25-тата конференција на началници на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба, при

враќањето во текот на вчерашниот ден низ Косово имал помала сообраќајна незгода со појава на оган на автомобилот со кој се превезувал.

Имено, како што информираат од Генералштабот, при движењето по автопатот помеѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови, на автомобилот ненадејно избил оган кај моторниот дел при што благодарејќи на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето истиот е изгаснат за многу кратко време.

Генералот Ѓурчиновски заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратени дома. Возилото кое веднаш по првиот знак на палење безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето истото е транспортирано во Република Северна Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk