Се заоструваат критериумите за набавка и поседување оружје

Владата денеска го разгледа и утврди новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето и донесе одлука да го достави до Собранието на натамошна постапка.

Определени точки на изменување на Законот, меѓу другото, се однесуваат на преквалификација на определени видови оружје и ограничување на правото на набавување кусо и долго огнено оружје со жлебни цевки за лица помлади од 25 години под определени услови.

Исто така, измените се однесуваат на продолжување на рокот за заменување на дозволите за поседување и носење оружје и дозволите за поседување оружје, како и повторно воведување легализација на оружјето од Б, Ц и Д-категорија, кое се поседува без соодветна важечка исправа издадена во согласност со одредбите на стариот Закон за набавување, поседување и носење на оружјето и Законот за оружјето.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари