logo
logo
logo

Се заканувал дека ќе силува и киндапира малолетнички-УАПСЕН 59-годишен педофил

Vecer | 22.04.2021

Се заканувал дека ќе силува и киндапира малолетнички-УАПСЕН 59-годишен педофил

Полицијата го фати 59 годишниот педофил кој на фејсбук им пишуваше на малолетни девојчиња вознемирувачки пораки заканувајќи им се дека ќе ги киднапира и ќе ги силува. Фејсбук групата „Стоп педофилија“ јавно ги објави пораките со вознемирувачките содржини. Иако девојчето не враќало со пораки а тој постојано и пишувал но и ѕвонел. Покрај ова ипраќал и фотографии од половиот орган.

Ова се само дел од пораките кои ги добивале малолетичките. Друг дел се со сексуални содржини.

Лицето е од радовишкото село Ораовица, но е пронајден во светиниколско Ерџелија.

„По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот каде престојувал 59-годишниот Б.Т.. Одземен му е мобилниот телефон, а по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“ велат од МВР.

Социјологот Илија Ацевски вели дека институциите треба да превземат ригорозни казни за овие лица објавувајќи ги со име и презиме.

„Државата и институциите треба да презвемат ригорозни и драстични мерки за тоа да не се повтори во иднина. Тој ќе биде казнет некако, но во јавноста треба да се каже со име и презиме за кој станува збор иако тоа е голем срам за семејството. Лицето можно е да има и деца, но тоа е опомена за оние другите“ истакна социологот Илија Ацевски, за ТВ21.

Инаку пред неколку месеци на платформата „Телеграм” членови на групата „Јавна соба“ споделуваа фотографии, лични податоци и недолични коментари за девојки. За овој случај МВР приведе 4 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk