Се судрија ,,бмв” и ,,ауди” – повредени двајцата возачи

Двајца возачи се повредени при судир на ,,бмв” и ,,ауди”. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 12.30 часот на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод на раскрсницата со улица „Рудничка“.

Се судриле возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(37) од Кичево и „ауди“, управувано од И.Р.(37) од Македонски Брод. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а по укажаната лекарска помош во Медицински центар Кичево, А.Н. е препратена во болницата “Св. Еразмо” во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот.


извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари