Сѐ што допревте уништивте! Ја пеплосавте државата! Вака не се води држава!, им се обрати на власта Рашела Мизрахи, пратеничка на ВМРО ДПМНЕ на власта по колапсот кој денеска се случи во Кочани, каде што граѓаните сами се справуваа со пожарот кој му се закануваше на градот.

РЕПУБЛИКАТА во пламен!
Не ме интересира зошто не сте ги сервисирале противпожарните авиони.
Не ме интересира тоа што три години ,,не сте можеле да ги најдете” протоколите за справување со кризи.
Не ме интересира тоа што хеликоптерите ги користите за личен превоз.
За срам сте!
Влада – Заев, Министерство за одбрана – Шеќеринска, Министерство за внатрешни работи – Спасовски, Министерство за здравство – Филипче, ЦУК, Пендаровски,
Вака ли се води држава?
Ја уништивте земјава!
Сѐ што допревте уништивте!
Ја пеплосавте!
Вака НЕ СЕ ВОДИ ДРЖАВА!, пишува Мизрахи.