logo
logo
logo

СЕ РУШАТ доградбите во ГРАДИШТЕ!

Vecer | 21.05.2021

СЕ РУШАТ доградбите во ГРАДИШТЕ!

Општина Охрид донесе решение за отстранување на времените објекти, во автокампот „Градиште“ откако беше извршен вонреден инспекциски надзор на 15 автокамп приколки и биле затекнати бетонски подлоги, метални настрешници, целосно затворање на автокамп приколките со лим, дрво, алукобонд и водоотпорни гипс картон плочи.

Како што информира градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, при инспекцискиот надзор биле затекнати и недозволени дрвени и метални конструкции и времени објекти, а на одредени локации и приклучоци за водоводна мрежа, канализациона мрежа и електрична енергија.

- Овие дејствија во автокампот ‘Градиште’ се надвор од сите одобрени проекти и законски прописи токму затоа Општина Охрид апелира, сопствениците сами да ги отстранат сите доградби и надградби на камп-приколките во спротивно во следниот период ќе бидат отстранети. Општина Охрид и во следниот период ќе продолжи со спроведување на инспекциски контроли и во другите автокампови на крајбрежјето на Охридското Езеро, информира Георгиески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk