logo
logo
logo

СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНА, ПА СЕ ОТКАЖАЛЕ, што ги премисли најстарите жители од Македонски Брод

Vecer | 10.04.2021

СЕ ПРИЈАВИЛЕ ЗА ВАКЦИНА, ПА СЕ ОТКАЖАЛЕ, што ги премисли најстарите жители од Македонски Брод

Во изминатите шест работни дена во Здравствениот дом во Македонски Брод се одвиваше вакцинацијата на најстарите жители на општината со вакцината на Астра Зенека. Иако за имунизација се пријавија голем број постари жители, сепак над 30 доброволци не се јавија во договерните термини за вакцинација, потврди Др. Жарко Симески, директор на Здравствениот дом Македонски Брод.

-Нашите сограѓани и покрај пријавата  за да ја примат првата вакцина против Ковид-19, во терминот кога требаше да се јават за вакцинација, добар дел од нив не се појавија во Здраствениот дом, со што и планираниот број на имунизирани во нашата општина не се реализира, рече Жарко Симески.

Како што рече, наместо планираните 100 лица од постара возраст кои требало да бидат имунизирани во овие шест работни дена, се вакцинирале само 40.

-Бројката ќе беше секако и поголема ако во еден период не се појавија проблеми и со апликацијата  „Мој термин“ и во период кога требаше заинтересираните да се пријавуваат, не ги примаше апликациите на заинтересираните граѓани, додаде директорот.

Докторката од амбулантата во Пласница, Емануела Белулоска, потврди дека жителите од оваа општина не би сакале да се вакцинираат со Астра Зенека, и ќе почекаат да дојдат другите вакцини, за кои сметаат дека се побезбедни, што и отворено го признаа.

-Во нашата општина сеуште немаме вакцинирано ниту еден постар жител против Ковид-19. Локалните жители се изјаснија дека нема да се вакцинираат со британската вакцина на Астра Зенека, туку ќе почекаат некоја од другите вакцини за кои сметаат дека се побезбедни по нивното здравје, посочи Белулоска

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk