logo
logo
logo

Се барале и по 200 денари - Каде беа НАЈСКАПИ „БЕСПЛАТНИТЕ“ СВИДЕТЕЛСТВА (ВИДЕО)

Vecer | 14.06.2021

Се барале и по 200 денари - Каде беа НАЈСКАПИ „БЕСПЛАТНИТЕ“ СВИДЕТЕЛСТВА (ВИДЕО)

Иако свидетелствата треба да се бесплатни, дел од училиштата решија за нив да им наплаќаат на учениците. Средношколскиот сојуз алармираше дека на повеќе места на учениците им се бараат пари.

Како што информираа  Тетово и годинава има најмногу училишта кои бараат пари за бесплатните свидетелства што ги добиваат средношколците. Сумата таму била највисока, па дел од училиштата барале, дури и по 200 денари.

Во Прилеп наплатуваа по 30 денари. Некои директори рекоа дека не знаеле за ова, туку тоа го правеле индивидуални наставници, па еве ги повикувам тие директори да го контролираат своето училиште и да видат што се случува. – вели Лука Павиќевиќ – претседател на Сојуз на средношколци.

И оваа година реагирале до институциите од кои бараат одговорност за ова незаконско наплаќање.

Реагираа и од МОН. Оттаму велат дека училиштата не смеат да наплаќаат такси за издавање на свидетелстват.

Тоа им го укажавме со допис уште пред крајот на учебната година,  соопшти Министерството за образование и наука како одговор на реакцијата од Сојузот на средношколци дека некои училишта наплаќаат за свидетелствата и дипломите за завршено средно образование.

МОН посочува дека педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5 отсто во случај на грешки и слично.

– Потсетуваме дека согласно Уставот на Република Северна Македонија, како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование, секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование, истакнува МОН и додава дека се работи за изолирани случаи во неколку училишта и дека за тие случаи ќе постапи Државниот просветен инспекторат.

https://youtu.be/B7zO8JDVBak

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk