logo
logo
logo

СЕ ОТКАЖА заедничката седница на македонската и бугарската влада

Vecer | 14.05.2022

СЕ ОТКАЖА заедничката седница на македонската и бугарската влада

Заедничката владина седница на Република Македонија со Бугарија, закажана за 22 мај, нема да се одржи. Ова го изјави македонскиот премиер Димитар Ковачевски, откако, според него, нема услови за тоа.

Во моментов министерствата за надворешни работи разменуваат идеи, но нема договорено заедничко решение кое би послужило како основа за билатерален договор, нагласи тој.

Според македонскиот премиер, решение со Бугарија може да има само доколку тоа се заснова на европските вредности, принципите на зачувување на достоинството на двете земји и меѓусебно почитување.

Ковачевски најави и дека ќе ја предводи македонската делегација во Рим на прославата на 24 мај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk