logo
logo
logo

СДСМ: Завршија партиските пресуди, правдата е иста за сите

Vecer | 28.02.2021

СДСМ: Завршија партиските пресуди, правдата е иста за сите

Правдата е тука, иста за сите, законите важат за сите подеднакво, времето на привилегирани пред законот, времето на партизирани пресуди и обвиненија по нарачка заврши, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ.

Го пренесуваме целото соопштение од СДСМ, во кое вообичаено „за се е виновна опозицијата и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски“, а „власта блеска“:

Правосудниот систем, како независна власт , ги има сите услови да води истраги и процеси без влијанија, без притисоци, да спроведува обвинителска и судска постапка во која најважни се доказите и законите, за секого подеднакво.

Пресудата против обвинетите во предметот „Таргет-Тврдина“ покажа дека судството е ослободено.

Со неа, стигна правдата за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани од страна на Сашо Мијалков и ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што мислеле и делувале поинаку од ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено оваа пресуда е пораз на извршителот на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски, кој не успеа да го спаси криминалот на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски останува осамен на браникот на криминалот, поразен од правдата, поразен од граѓаните.

Да се создадат услови за чист пат за правдата не беше лесно, но сега правдата е тука, очекуваме и сите други случаи и предмети, коишто се покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства, да добијат разрешница и одговорните да бидат соодветно казнети.

Во Република Северна Македонија се случува правда и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда.

Центар за односи со јавноста на СДСМ

“Ќе има РЕВИЗИЈА НА ПОЛИТИЧКИТЕ СУДЕЊА од оваа власт“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk