СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ е непознато дека некој може да успее со чесна работа

Времето кога политиките се креираа заради остварување на нечии бизнис и лични интереси на поединци од власта заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, реагира СДСМ на обвинувањата на Влатко Ѓорчев.

„За ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто со криминалното и расипничко владеење стана најбогата партија во Европа е крајно непознато дека некој може да успее со чесна работа, а дека Владата може да работи во интерес на сите граѓани, наместо во интерес на поединци како што беше случај со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, велат од СДСМ, јавно и транспарентно го објави својот имотен лист и во повеќе наврати јавно соопшти дека се откажува од какви било бизнис соработки со Владата.

„Никој повеќе нема да се богати на сметка на граѓаните. Политиката и бизнисот повеќе не се испреплетуваат и крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да ја научи таа лекција“, велат од СДСМ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари