Не е чесно ниту кон граѓаните ниту кон државата кога поранешни претседатели од времето на транзицијата и режимот зборуваат за криминал и корупција, а не покажале никакви чекори против корупцијата во времето кога требало да му служат на народот.

Ваква е реакцијата на СДСМ, откако претходно денеска силни критики за политичката состојба во државата упатија поренашените претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.

„Денеска јавноста сведочеше едно пропагандно однесување на поранешни претседатели на државата. Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Рамковниот договор се најважните договори кои ја вратија во живот македонската интеграција, ги потврдија и зацврстија македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Македонската држава живее и ќе живее и нема да умира на рати, а ако тоа некој го посакува му порачуваме да мисли пред да дејствува, пред се заради нашот народ и заради иднината на сите наши деца. Граѓаните со својот глас и порано, и денес и во иднина прецизно го покажуваат патот кој се развива Северна Македонија“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

 

makfax.com.mk