logo
logo
logo

СДСМ ВО ПАНИКА ИЗВРШИ НОВ УПАД ВО ИЗБОРИТЕ! Укина пари за опозицијата, диктатурата блеска

Vecer | 23.06.2020

СДСМ ВО ПАНИКА ИЗВРШИ НОВ УПАД ВО ИЗБОРИТЕ! Укина пари за опозицијата, диктатурата блеска

СДСМ и ДУИ добро соработуваат, нивните препукувања се само забава за народ. Кога се во прашање нивните интереси да имаат власт по секоја цена, партиски вработувања и пари, тие се секогаш заедно, па така и сега.

Имено, непосредно пред полноќ, неколку часа пред завршување на вонредната состојба со што завршуваат и овластувањата на владата да носи закони/уредби по своја воља, СДСМ и ДУИ донесоа уредба со која се преполовуваат парите за кампањи на партиите за овие избори, па од 3,2 износот е намален на 1,6 милиони евра.

Ова е директен и неовластен упад во изборните закони кои, помеѓу останатото, со препорака на европските институции заради намалување на корупцијата и  предвидуваа партиите да не се финансираат за време на изборните кампањи од анонимни донатори и слично туку легално, од буџетот, затоа што секој граѓанин кој плаќа данок по своја одлука може да гласа на изборите, а со тоа има интерес за власт по свој избор, а не власт која ќе се задолжува тајно кај фирми а потоа треба да ги враќа тие обврски низ корупција. Накусо, СДСМ и ДУИ ја вратија Македонија во време на корупцијата за избори.

Зошто СДСМ и ДУИ го прават ова. Сите анкети пред изборите покажуваат голем пад на рејтингот на СДСМ и умерен пад на рејтингот на ДУИ. Спасот од пораз и СДСМ и ДУИ го гледаат во поткуп за време на изборите и што е можно помала излезност за да не се изрази гневот на граѓаните од нивната корупција и хаосот во време на епидемијата на корона вирус. При мала излезност поткупот на гласачи има поголем ефект затоа што поткупените ќе имаат поголем удел во крајниот број гласови.

По три години брутална корупција која ја гледа секој граѓанин, а и европските институции заради што покрај се досега сторено ние се уште немаме датум за преговори, СДСМ и ДУИ за своите партии обезбедија големи пари и не зависат од парите кои буџетот ги обезбедува за легални избори. Пари за изборите СДСМ и ДУИ имаат во своите тајни фондови од рекети и наместени тендери, а опозицијата која такви пари нема сега е оставена без финансии за изборни кампањи и нормално работење. Тоа е диктатура во која партијата на власт сама носи правила, а тие правила потоа и даваат незаконски привилегии во изборниот процес на штета на вољата на мнозинството граѓани.

Дали се проблем парите кои во буџетот ги нема? Буџетот е во дупка над две милијарди евра, според изјави на Зоран Заев и министерката за финансии, и тоа по вина на власта. Во таа дупка опозцијата нема никаков придонес, а дупката е создадена заради корупција и неспособност на тој што владее.

Владата за време на кризата зема околу една милијарда кредити, а ниту денар се у ште не е исплатен како неповратна помош на граѓаните и вработените, туку само за предизоберен поткуп. Напротив, пари добија и фирми на партиските олигарси како фирмите на Заеви или нивниот министер, олигархот Кочо Анѓушев.

СДСМ и ДУИ имаат пари за своите луѓе, потрошено за свои потреби е толку многу што сега нема пари за никој друг.

СДСМ и ДУИ ги укинаа парите за финансирање партии и за изборни кампањи но, дадоа 500.000 евра за невладините организации на СДСМ и ДУИ, 800.000 евра за весници кои никој не ги чита а се целосно и без исклучок под контрола на СДСМ и ДУИ, дадоа за кондоми и подмачкувачи за безболен секс, извршија во криза со епидемија и пред избори над 1.000 партиски вработувања, над милион евра се потрошени за набавки на мебел, фстаци,бадеми, лешници, пластични цвеќиња, службени автомобили... од функционери на СДСМ и ДУИ.

Очигледно, пари во буџетот има, но не за демократија и легални избори туку, напротив, за изборен поткуп. Целта е опозицијата да се остави без средства за изборите, а патем со бомби како експлозијата во Ѓорче Петров за потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Мисајловски, со кривични гонења на новинари и лажни вести да се заплшуваат опозционерите, медиумите и граѓаните. Да се шири страв и неизвесност додека Македонија живее во експлозија на зараза и е на врвот на листата по корупција во Европа.

На овие избори Заев и Ахмети на опозицијата и ги одземаа сите средства за промоција и законско делување за изборите но, се уште не го одземаа правото на граѓаните да гласаат против Заев и Ахмети, против корупцијата, против диктатурата, против рекетите, против сиромаштијата и бришењето на македонската нација, против Заеви, Катица Јанева, Ден Дончев, Анѓушев, Шилегов, Филипче, Шекеринска... Тоа свое право граѓаните на 15 јули ќе го остварат, и ќе го запрат ваквото владеење со што ќе се создадат услови за нормално живеење, за законитост, мирен живот и економски напредок.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk