СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ од Скопје направи престолнина на кичот

Несериозно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да обвинува некого за неспособност кога токму кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои раководеа со Град Скопје и скопските општини, од Скопје направија престолнина на кичот и еден од најзагадените градови во Европа, реагира СДСМ на изјавата на Светлана Колариќ.

„Граѓаните сè уште ги чувствуваат последиците од погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и трошењето на стотици милиони евра на коруптивни проекти заради задоволување на криминалните апетити на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Скопје конечно доби отворена, одговорна и услужна градска администрација предводена од градоначалникот Петре Шилегов, којашто работи во интерес на граѓаните и градот“, се вели во реакцијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари