logo
logo
logo

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов без да не меша нас

Vecer | 11.03.2021

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов без да не меша нас


ВМРО-ДПМНЕ нека си се разбере со Каракачанов, да не не меша во нивните меѓусебни препукувања со ВМРО-БНД, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„За должничко-доверителски односи со Каракачанов, нека си ги расчистуваат самите, без да се обидуваат да не инволвираат нас. Како и досега СДСМ нема со било каква постапка да дава повод Македонското прашање дополнително да биде злоупотребувано во кампањата во соседна Бугарија“, наведе СДСМ во реакцијата.

Претходно денеска, бугарскиот министер за одбрана, Красмир Каракачанов објави листа на македонски политичари, за кои тврди дека поседуваат бугарски пасош. Меѓу нив се Александар Николоски, Антонио Милошоски, Петар Богојески, Филип Петровски, Никола Мицевски, Александар Пандов. ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека станува збор за лажна вест и ниту еден од посочените функционери нема бугарски пасош. Опозициската партија дополнително искоментира дека секогаш кога Заев е загрозен од некој скандал, се појавува некој лик како Красимир Каракачанов да му фрли гума за спасување.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk