logo
logo
logo

Шамбевски

„СДСМ вети, А НЕ ИЗГРАДИ СТУДЕНТСКИ ГРАД, ниту во Скопје, а ниту во Штип и Битола“

Vecer | 23.07.2021

„СДСМ вети, А НЕ ИЗГРАДИ СТУДЕНТСКИ ГРАД, ниту во Скопје, а ниту во Штип и Битола“

Навредливо е за младите СДСМ да зборува за студентски стандард, а четири години немаат направено ниту еден проект за студентите. Ништо од тоа што го ветија не го исполнија. Не само што немаат направено ништо, туку и тоа што беше поставено како мерки ги укинаа, вели Борис Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека СДСМ го укина бесплатниот воз и бесплатниот превоз за студентите, а од ветениот студентски град на просторот на студентскиот дом „Стив Наумов“ нема ништо.

- Скопје требаше да добие студентски град кој како што презентираа тогаш ќе има библиотеки, читални и разни други содржини за студентите. Покрај Скопје, СДСМ вети студентски градови и во Штип и во Битола. Исто како и во Скопје, нема студентски град, ниту пак нови студентски домови, ниту во Штип, ниту во Битола, рече тој.

Шамбевски истакна дека СДСМ требаше да ги врати младите, но не само што не вратија никого, туку и нови наши врсници се иселија од државата заради лошите услови, лошото владеење, криминалот, корупцијата и рекетот.

- Младите не можат да се вработат, свој бизнис не можат да отворат и да просперираат, ако немаат врски во врвот на СДСМ или лицата задолжени за делење бизниси и земање рекет. Времето  во кое државата за едни е мајка, за други маќеа завршува. ВМРО-ДПМНЕ има план за развој на Македонија. План и стратегија кои ќе носат работа и просперитет за младите. Време е за Македонија за сите луѓе, нагласи Шамбевски.

https://www.youtube.com/watch?v=qPh4E_KlYdU&ab_channel=%D0%92%D0%9C%D0%A0%D0%9E-%D0%94%D0%9F%D0%9C%D0%9D%D0%95

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk