СДСМ: Се потврдија политичките игри и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, манифестирано и преку нејзиниот пратеник Антонијо Милошоски, повторно покажа дека опозициската партија единствено промовира популизам додека ги блокира реформските процеси, велат од СДСМ.

„Покрај јавните изјави на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски, дека од исклучително значење за Македонија е да почне постапката за комплетирање на составот на Државната изборна комисија, Милошоски вчера не дојде во собраниската пленарна сала за, како што налага процедурата, да го образложи предлогот како предлагач,  за да може по него да се постапува“, велат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата, лажно обвинуваше дека намерно се одлага дискусијата за комплетирање на составот на Државната изборна комисија. Од СДСМ велат дека тоа се потврдило вчера кога оваа точка дојде на дневен ред и кога можеше за неа да се расправа, но ниту Милошоски, ниту некој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не влезе во собраниската сала, поради што немаше услови за дискусија и понатамошно постапување.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари