logo
logo
logo

СДСМ ПРОТИВ СДСМ: „Дечкиве имаат се' шитнато“

Vecer | 21.06.2022

СДСМ ПРОТИВ СДСМ: „Дечкиве имаат се' шитнато“

Остра реакција на поранешниот пратеник на СДСМ Благоја Стојановски против политиката на сегашната Влада СДСМ-ДУИ, особено во однос на спроведувањето на бугарскиот ултиматум и продажбата на националните интереси.

Поранешниот пратеник на СДСМ Стојановски вели дека националните интереси на оваа Влада, како и поранешниот премиер на СДСМ Бучковски, кој се препознава по описот, ја продале Македонија.

- Сега веќе е јасно дека дечкиве имаат се шитнато. Прво се праат дека биле у подрум и ништо ни виделе ни прочитале, Па после рано е да одлучат и чекаат сите други да донесат одлука за НАС, и полека ги пуштаат гавазите (на пример, еден одвратен бивш премиер што многу личи на Гаргамел и до сега требаше да скапе у Идризово) да кажуваат дека францускиот предлог е добар... Не жица, не дедо, баба, не мама, тато... и деца и внуци и правнуци ќе продаат издродиве... односно веќе продале, само сега ја бараат формата како тоа да ни го соопштат..., пишува Стојановски на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk