logo
logo
logo

СДСМ: Правдата е тука, правдата е обезбедена, ќе ја има се повеќе и се почесто, како за Мијалков

Vecer | 25.02.2021

СДСМ: Правдата е тука, правдата е обезбедена, ќе ја има се повеќе и се почесто, како за Мијалков

Правдата е тука, правдата е обезбедена, ќе ја има се повеќе и се почесто, а почести ќе бидат и одговорите на институциите, како оној за обезбедување на присуство на Сашо Мијалков, кон сите кои се ставаат над законот и се обидуваат да си играат со владеењето на правото.

Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, со вообичаените секојдневни обвинувања на опозицијата за се што е проблематично во Македонија. Во продолжение соопштението го пренесуваме во целост:

Преку силен одговор на државата, бегалецот Мијалков, беше спречен да ја напушти државата и принуден да се предаде. Обезбеден е неговиот притвор.

Ова не значи и ослободување од одговорност на оние поради кои се случи тој да биде недостапен за органите и очекуваме брза и ефикасна истрага која ќе ги лоцира пропустите кои довеле до можноста за бегство на Мијалков и секако санкции за одговорните за кои ќе се утврди дека сториле свесни и намерни пропусти.

Со овој случај падна во вода единствената улога на Мицкоски, поради која и беше поставен од Мијалков и Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски, кој претходно ги призна сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат судски процеси, одново е поразен, му пропаднаа лажните обвинувања за „политички монтирани процеси“, исто како што не му успеа ниту блокирањето на Законот за Јавно обвинителство и преземање на предметите од СЈО.

Јасно е, Мицкоски во заложништво ја држи целата партија единствено за да ги заштити Груевски, Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите други сегашни и бивши функционери на ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат процеси пред надлежните судови.

Сега патот на правдата е чист, правда има и ќе ја има се почесто, секој ќе понесе одговорност!

Центар за односи со јавноста на СДСМ


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk