logo
logo
logo

СДСМ одлучи: Избори за лидер на 21 март

Vecer | 17.02.2021

СДСМ одлучи: Избори за лидер на 21 март

СДСМ синоќа на 19-та седница на Централниот одбор ги распиша првите внатрепартиски избори за избор на претседател кои ќе се одржат на 21 март 2021 година.

Од владеачката партија известуваат дека утврдени се критериумите за кандидатите за претседател на СДСМ, како и начинот и постапката за кандидирање.и дека избрана е Централна изборна комисија од пет члена која ќе ги спроведе внатрепартиските избори.

Следува формирање на општински изборни комисии во сите 80 општини каде што СДСМ има општински организации.

„Горди сме што сме пример и што водиме напред во многу државни, но и партиски процеси. СДСМ се менува, се демократизира, се подобрува, за подобро да им служи на граѓаните и да внесе нови демократски вредности во нашето општество“, рече партискиот претседател Зоран Заев.

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk