logo
logo
logo

СДСМ: Ние нормално си функционираме, се шират лажни вести за коалицијата со ЛДП

Vecer | 22.02.2021

СДСМ: Ние нормално си функционираме, се шират лажни вести за коалицијата со ЛДП

Мнозинството во Собранието и коалиција во Владата се стабилни, посветени на реализација на утврдените цели и програми, во интерес на граѓаните, соопшти денеска владејачкиот СДСМ, во врска со одлуката на ЛДП да излезе од заедничката пратеничка група во Собранието на Македонија.

– ЛДП има право самостојно да одлучува за својот партиски пристап кон јавноста, но тоа никако не влијае во односите на коалицијата и активностите што се пред нас. Постојаното пласирање лажни вести се само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

На ова реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ:

– СДСМ може да испрати 100 соопштенија дека се е под контрола и дека во коалицијата им цветаат рози, но тоа нема да го покрие срамот дека владата е неспособна и криминална. Нема поле на кое не губи Македонија. Меѓународно ја понижија државата. Од идентитет бетон стасавме до неможност да се изјасниме како Македонци. Србија и Албанија имаат 4 милијарди инвестиции, а нас ни бегаат. Правдата е урнисана, нема кој не им избега. Земјоделието е на колена. Народот едвај преживува. Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден. 55.000 го загубија своето работно место, а 6200 фирми затворија. И после се ова, мнозинството е стабилно е најважната работа?!- се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk