СДСМ: Мицкоски призна дека државата загубила генерации

Христијан Мицкоски призна дека државата загубила генерации, но признанието не е доволно, вели СДСМ по денешното обраќање на лидерот на опозицијата.

„Мицкоски денеска призна дека Македонија загуби неколку генерации како резултат на 11 годишното криминално и расипничко владеење на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и неговиот претходник Никола Груевски. Ова признание на Мицкоски не е доволно. Граѓаните очекуваат наместо по стапките на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ да ги напушти штетните, деструктивни политики. Наместо да дејствува спротивно на интересите на граѓаните и државата ВМРО-ДПМНЕ треба да смогне сила вистински да се реформира.   По 11 години осиромашување, изолација и поделби на граѓаните и државата, Република Македонија тргна напред.  Времето на тонење, бесперспективност и уназадување на Македонија заврши со заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението што го испрати СДСМ.

Владејачката партија додава дека  Македонија се гради како модерна, демократска држава на еднакви граѓани, а реформскиот процес и успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат економски раст, повисоки плати, одговорни институции и повеќе пари назад кај граѓаните.

Мицкоски денеска најави дека ќе почне со посети на терен за да го чуе гласот на народот. Порача дека Македонија нема време за чекање и не смеат да дозволат да биде изгубена уште една генерација.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари