СДСМ: Мицкоски по стапките на Груевски, Законот за јазиците е согласно уставот

Христијан Мицкоски продолжува по стапките на Никола Груевски да делува против интересите на граѓаните, против концептот едно општество и европските вредности со што нанесува штета на државните интереси, реагира Социјалдемократскиот сојуз по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, кој го повтори ставот дека дава поддршка за стабилно мнозинство доколку СДСМ се откаже од Законот за јазиците.

„Видливо е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи оваа партија го прифати Законот за употреба на јазиците во надеж дека ќе формира Влада. Откако не успеа, денеска законот го користи единствено како изговор за блокада на реформскиот процес. Очигледно кога зборува за некакви политички концесии Мицкоски мисли на концесиите што му ги оставил токму Никола Груевски“, велат од СДСМ.

Владејачката партија додава дека наместо промовирање на политиките на поделби, Мицковски треба да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ во партија којашто ќе дефинира соодветен начин на политичко делување во интерес на граѓаните и државата.

„Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и во интерес е на сите граѓани. Без разлика на штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува модерна, демократска држава и се гради како едно општество на еднакви граѓани“, велат од СДСМ од каде додаваат дека концептот едно општество за сите е концепт за иднината на Република Македонија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари