СДСМ: Мицкоски ги брани криминалите на Груевски

Корупцијата е одлика на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски ги брани криминалните политики на Никола Груевски кои што нанесоа огромна штета на државата и општеството и кои што граѓаните ги поразија, регира СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека во Македонија владее корупција.

„Последниот извештај на Транспаренси интернешенл се однесува на состојбите во 2017 година и ги рефлектира последиците на 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. За разлика од коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку Владата што ја предводи, ги санира штетите од криминалното владеење, ги зајакнува и ослободува институциите, спроведува мерки за владеење на правото и создава услови за вистинска борба против корупцијата и криминалот“, велат од СДСМ.

Македонија, додаваат од партијата, станува правн адржава во која нема да има никаква толеранција кон каков било тип на корупција.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари