Денеска повторно со ново соопштение

СДСМ: Ќе биде избрана и нова Влада

СДСМ денеска во соопштение повтори дека новиот претседател на Собранието е избран според Деловникот, законите и Уставот и оти во периодот што претстои, согласно Деловникот, Уставот и законите ќе биде избрана и новата Влада.

Демократските процеси, како што стои, ќе продолжат бидејќи тоа е иднината на граѓаните за квалитетен живот и тоа е патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Според СДСМ, парламентарното мнозинство за овој процес ја има поддршката од најмалку 700.000 граѓани кои избраа промени, но и на сите други граѓани и припадници, активисти на партии.

- Нема повеќе место за политиките на тензии, поделби, омраза, дестабилизација со што сите тие со крвавото насилство во Парламентот направија тешко кривично дело, терористичкото загрозување на уставниот поредок и безбедноста на пратеници, новинари, вработени во Собранието и врз државната институција, Парламентот, се наведува во соопштението.

Јавното обвинителство и МВР, истакнуваат од СДСМ, мора да постапат по службена должност за ова организирано сценарио и нарачателите, насилниците и криминалците, да понесат одговорност.

Поврзани

Најнови вести

Коментари