СДСМ ја гуши медиумската слобода, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Правдата и демократијата заминуваат од Македонија. СДСМ ја гуши медиумската слобода. Јавноста e сведок на секојдневна цензура, притисоци и закани врз медиумите во државата. Ова се обвинувањата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која вели дека владеачката СДСМ ветуваше слобода, а донесе замолкнување на медиумите. Според нив, се изрекуваат затворски казни за искажан став, се цензурираат емисии, а државни функционери навредуваат и заплашуваат новинари.

Власта на СДСМ декларативно се залага за демократија, но во реалноста нема ништо од тоа. Се кршат правата и слободите загарантирани со Устав без никој да сноси одговорност за тоа.  СДСМ и Заев секој ден се повеќе го покажуваат својот недемократски карактер. Теророт и партиската контрола на СДСМ врз новинарството е само продолжение на теророт кој се спроведува против слободата на говор и политичките неистомисленици на оваа власт. Патриотите кои први се спротивставија на катастрофалните и антидржавни политики на СДСМ станаа жртва на политички прогон и монтирани и неосновани обвиненија за тероризам. Правосудните органи наместо да работат во интерес на демократијата и владеење на правото, работат под диктат на СДСМ. Власта ги зароби судството и обвинителството и преку нив врши политички прогон на сите кои не се согласуваат и ги критикуваат политиките на Заев и СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската партија вели дека политичкиот прогон кој што се спроведува воМакедонија мора да запре веднаш. Тие додаваат дека треба институциите што побрзо да се ослободат од стегите на власта на СДСМ и да застанат на страната на правото и демократијата, а патриотите да бидат ослободени од неоснованите и монтирани обвиненија.

„Колку побрзо си замине СДСМ од власт толку побрзо ќе се вратат демократијата и слободата во Македонија. Наместо власт која ја дефокусира јавноста со закани, притвори и неосновани обвиненија на невини луѓе, граѓаните заслужуваат власт која ќе ги решава нивните проблеми и ќе работи за доброто на државата“, додаваат од партијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари