СДСМ: Изградба и реконструкција на водоводни и канализациски мрежи

Владата и Министерството за транспорт и врски влегуваат во реализација на значајни инвестиции во комуналната инфраструктура низ целата држава, со цел здрава животна средина и здрава и чиста вода за пиење.

„Во почетна или завршна фаза се вкупно 31 проект за изградба или реконструкција на водоводи, канализации и пречистителни станици, проекти во вредност од скоро 17 милиони евра. Ниту една општина нема да биде запоставена. Владата работи на рамномерен развој и изградбата на планираните канализациони и водоводни системи ќе овозможи подобрување на животот и здравјето на граѓаните. Битола, Гевгелија, Велес, Гостивар, Струга, Куманово, се дел од 31 општина, односно населено место кадешто оваа година ќе бидат завршени изградби и реконструкции на водоводи, канализации и пречистителни станици, преку кои ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните“ велат од СДСМ.

Целта активностите, како што велат од партијата, е процентот на покриеност со канализација од сегашните 18% да достигне 40%.

„По инвестицискиот циклус од 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци низ државата, инвестициите во комуналната инфраструктура се уште еден сериозен проект на Владата предводена од СДСМ преку кои се унапредува квалитетот на живот, се поттикнува развојот на општините, а истовремено се заштитува животната средина“ се наведува во соопштението на СДСМ.

Од таму порачуваат дека обезбедувањето на чист воздух, здрава животна средина и чиста вода за пиење за сите граѓани останува врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари