logo
logo
logo

СДСМ – ДУИ со одбивањето да формираат анкетна комисија ја попречува истрагата за 14 изгорени граѓани

Vecer | 25.09.2021

СДСМ – ДУИ со одбивањето да формираат анкетна комисија ја попречува истрагата за 14 изгорени граѓани

Што сака да сокрие власта? Зошто не сака да се говори за околностите поврзани со тетовската трагедија и горењето на модуларната болница, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Срамно и лицемерно е СДСМ да ја обвинува опозицијата за нефункционалноста на Собранието. За нефункционалноста на Собранието виновно е СДСМ.

Владејачкото мнозинство сиве овие години докажа дека не е ништо друго освен гласачка машина на СДСМ и Зоран Заев.

Владејачкото мнозинство единствено го интересира да помине законот за марихуана на Заев за да му врви бизнисот на неговиот брат Вице.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира за формирање на анкетна комисија и откривање на вистината.

А, молкот на власта за оваа трагедија докажува само дека неславното трио Заев – Филипче - Хасани станаа главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај, се вели уште во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk