За ова се бореа, да ја упропастат цела држава

СДСМ без избори влезе во Влада, а Заев се самопрогласи за премиер

Новите министри да ја преземат целокупната законска и политичка одговорност пред сите граѓани на Република Македонија како репрезенти на политичките партии од каде се предложени и како членови на Владата

Со 101 глас "за" и без ниту еден глас "против" пратениците им дадоа поддршка на Оливер Спасовски, Фросина Ременски од СДСМ, кои според договорот од Пржино се новите министри во владата на Никола Груевски. Спасовски за внатрешни работи, Ременски за труд и социјална политика дадоа заклетва дека ќе работат согласно Уставот и законите. Марта Томовска Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ беше избрана за нов министер за информатичко општество и администрација на местото на Иво Ивановски кој поднесе оставка од функцијата. Опозиционерите не дадоа поддршка за изборот на Томовска Арсовска.
Премиерот Никола Груевски, образложувајќи го предлогот за избор на новите членови на Владата во министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика, рече дека очекува од нив посветена и одговорна работа согласно законите.


- Очекувам новите министри и заменици да бидат фокусирани на изборниот процес, согласно Договорот од јуни/јули, да не ги кочат започнатите проекти на Владата и да бидат посветени на решавање на проблемите на граѓаните на РМ. Очекувам нивна посветеност и одговорно работење, рече Груевски.

Додаде дека очекува новите министри да ја преземат целокупната законска и политичка одговорност пред сите граѓани на Република Македонија како репрезенти на политичките партии од каде се предложени и како членови на владата.


- Очекувам работење согласно законите и етичките и моралните норми, без злоупотреба на министерските функции во партиски цели, додаде премиерот.

Истакна дека како премиер, како и досега ќе продолжи будно да го следи работењето на секој член на владата, да соработува со нив во интерес на граѓаните и државата и да реагира соодветно во случај на прекршување на законите.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ го оцени изборот на новите министри како постапка со која се надминува политичката криза и додаде дека со новите мерки опозицијата ќе мора да ги прифати изборните резултати на претстојното гласање во 2016 година.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески истакна дека опозицијата влегува во владата не за да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, туку исклучиво како нејзин коректив. Наша цел е да обезбедиме гаранции и услови за фер избори во кои правото на глас нема да биде уценето, рече Сугарески.
Поранешните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Митко Чавков и Диме Спасов ги добија дополнителните заменички функции во ресорите кои досега ги раководеа. За заменик-министер во Министерството за информатичко општество и администрација е избран Тимчо Муцунски.


На собраниската седница, според договорот за надминување на политичката криза беа избрани и тројца заменици министри од редовите на СДСМ. Александар Кирацовски во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство и Кире Наумов во Министерството за финансии.
По изборот на новите министри кои во владата влегоа без избори и без поддршка од граѓаните, лидерот на СДСМ Зоран Заев веднаш се самопрогласи за премиер.
На новинарско прашање, дали ќе остане градоначалник по предвремените избори наредната година, тој рече:

-Нема да бидам градоначалник затоа што ќе ја добијам честа да ја водам новата влада на Република Македонија, рече Заев.

Катица бара информации од Марко Зврлевски

Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, вчера, постапувајќи врз основа на член 11 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (Службен весник на Република Македонија број 159/05), како и Работниот план на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, до Јавното обвинителство на Република Македонија поднесе барање за доставување статистички податоци за предметите оформени во јавните обвинителства во Република Македонија, а кои се однесуваат на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. По добивањето на статистичките податоци, стои во соопштението од специјалната обвинителка, ќе биде доставено посебно барање до секое обвинителство за доставување на предметите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари