logo
logo
logo

Сашка Цветковска и ИРЛ ОДНОВО ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА КЛЕВЕТА кон Анѓушев, Апелација го врати назад предметот

Vecer | 28.05.2023

Сашка Цветковска и ИРЛ ОДНОВО ЌЕ ОДГОВАРААТ ЗА КЛЕВЕТА кон Анѓушев, Апелација го врати назад предметот

Апелацискиот суд Скопје ја поништи пресудата на Основниот суд и повторно го врати на судење предметот во кој поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ги тужи Сашка Цветковска и Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Основниот суд ја ослободи Цветковска од вина за клевета, но Апелацискиот суд утврди дека понискиот суд не ги ценел доказите совесно и грижливо, не зел предвид повеќе докази и сведочења кои биле против Цветковска и погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба.

На 23 јуни е закажано ново судење, во кое Основниот суд Скопје ќе треба одново да цени за објавените содржини на ИРЛ за увозот на мазут, во кои било наведено и името на Кочо Анѓушев.

Адвокатите на Анѓушев тврдат дека на нивниот клиент не му била дадена можност да одговори пред емисијата да биде емитувана, дека на Основниот суд му е наложено во новото судење да го земе предвид доказот дека Анѓушев имал телефонски разговор со Цветковска, но таа потоа никогаш не поставила прашања кон него. „Судот треба да го земе предвид и фактот дека наведената емисија во која се клевети поранешниот вицепремиер Анѓушев предизвикала и други навреди и клевети кон него во јавниот простор, испровоцирани токму од тврдењата на Цветковска изнесени на нејзиниот портал и емисија, со што нивната одговорност е уште поголема“, тврди адвокатот на Анѓушев.

Според Апелацискиот суд во мај 2021 година кога ИРЛ ги објави тврдењата против Анѓушев, тој веќе една и пол година не бил вицепремиер. Нејасно е како Основниот суд цени дека  Анѓушев морал да трпи посилен степен на сериозна критика бидејќи е носител на висока јавна функција, кога тој не е тоа во моментот кога е клеветен, смета адвокатот на Анѓушев.

Апелацискиот суд му наложи на Основниот суд да суди одново согласно чл. 160 од Законот за парнична постапка (ЗПП), со почитување и соодветно ценење на чл. 8 и  чл. 343 од ЗПП и ценење на чл.5 и чл. 8 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.

Според Анѓушев, Цветковска имала јасна намера за него да искаже лага во јавниот простор со цел зголемување на својата гледаност и читаност, и затоа не му дала простор за одговор за да не ја демантира однапред. Со тоа ја злоупотреби својата положба на новинар, што е тешка повреда на Законот за медиуми и на основните новинарски начела, за што ЗНМ и Советот за етика треба да ги преиспитаат своите одлуки, смета Анѓушев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk