logo
logo
logo

Сарафов: Жртвите умреле од задушување, најверојатна причина за несреќата е човечка грешка

Vecer | 25.11.2021

Сарафов: Жртвите умреле од задушување, најверојатна причина за несреќата е човечка грешка

Аутопсиите покажуваат дека сите загинати починале од задушување, а не од ударот. Тоа значи дека биле живи во моментот на пожарот. Конечна проценка за причините за несреќата ќе треба да дадат финалните анализи, но водечка верзија во овој момент е човечка грешка – како причина за несреќата, изјави на денешната прес-конференција бугарскиот заменик главен обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов.

Сарафов посочи дека продолжуваат испитувањата и анализите на автобусот, кои треба да дадат одговор за причините и начинот на избувнување на пожарот, како и за сообраќајната анализа за причините за кои автобусот ја напуштил патеката на движење.

Изнесувајќи ги собраните до моментот информации, Сарафов, нагласи дека во медиумите гледа доста шпекулации и псевдо експерти, но дека иако по емисиите може да се видат 15 или 20 очевидци, всушност очевидци на настанот нема ниту еден.

– Прво испрашни се двајца од патниците во автобусот, кои биле будни во моментот на несреќата. Двајцата даваат објективни информации, испитани се поединечно и исказите им се совпаѓаат, поради што ги земаме за исклучително точни. Денеска се испитуваат и двајца други кои се во болница, изјави Сарафов.

Разгледани се, но категорично се отфрлени, рече Сарафов, и верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можни причини за несреќата.

– Пронајдени се три туби. Трите труби не биле полни и не се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт, изјави Сарафов.

Екипа од обвинителството утре заминува за Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите, кои потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Потоа, нагласи Сарафов, ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk