logo
logo
logo

Анџела Агелер

„Санкциите на САД се сериозни, ЌЕ ГИ НАТЕРААТ ФУНКЦИОНЕРИТЕ ДА ПОСТАПУВААТ ПРАВИЛНО и да бидат поодговорни“

Vecer | 24.01.2023

„Санкциите на САД се сериозни, ЌЕ ГИ НАТЕРААТ ФУНКЦИОНЕРИТЕ ДА ПОСТАПУВААТ ПРАВИЛНО и да бидат поодговорни“

Сфативме дека санкциите, без разлика дали се работи за политичари или за бизнисмени, можат да бидат многу ефективни и охрабрувачки. Тие ги тераат луѓето да бидат многу попретпазливи отколку што биле, бидејќи санкциите на САД се сериозни и може да имаат долготрајни последици, подвлече амбасадорката во одговорот на прашањето за воведување санкции кон лица вмешани во коруптивни зделки, рече амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер

Според неа санкциите носат чувство на одговорност и последици.

Таа истакна дека санкциите ќе поттикнат подобро однесување и ќе ги натера избраните функционери, наставниците и здравствените работници да постапуваат правилно, како и да си ја вршат работата со интегритет.

Ова таа го изјави денеска, одговорајќи на прашања на панел дискусијата „Ајде да зборуваме за предизвиците и иднината на Северна Македонија“ што се одржа во Ценатрот за млади во заедницата (YCC) Гостивар.

Амбасадорката Агелер рече дека САД наметнале санкции зашто тоа е во нивен интерес, а и тоа, како што нагласи, се очекува од нив како суверена нација и одредени луѓе не смеат да влезат во САД.

-Заканата од и ставањето на „црна листа“ ќе ги натера избраните функционери, функционерите во министерствата во оваа земја, наставниците, здравствените работници да постапуваат правилно, да си ја вршат работата со интегритет, бидејќи ако не го прават тоа така, може да се соочат со последици. Ние се надеваме дека санкциите носат чувство на одговорност и последици. И се надевам дека тоа ќе се всади во свеста на заедниците во оваа земја. Исто така, граѓаните го бараат тоа од оние што работат за нив, бидејќи, освен кога станува збор за бизнисмените, ние зборуваме за административни службеници, луѓе како мене, кои се ангажирани да работат за својата земја и да го прават она што е во најдобар интерес на државата, а не за лични интереси, потенцира Агелер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk