Само во Скопје синоќа казнети 320 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Како што информира МВР, само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 320 мерки, меѓу кои 63 за непочитување на брзина на движење,12 санкции за возење без возачка дозвола, 10 за управување под дејство на алкохол, девет за користење мобилен телефон. Изречени се и седум санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), и 42 мерки за непрописно паркирање.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.