logo
logo
logo

МВР само во Скопје казни132 возачи

Vecer | 26.02.2021

МВР само во Скопје казни132 возачи

МВР во текот на вчерашниот ден (25.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 36, шест за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се седум санкции за користење на мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас, три за минување на затворен семафор (црвено светло), 33 за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk