logo
logo
logo

Само во Скопје КАЗНЕТИ 199 возачи

Vecer | 26.03.2021

Само во Скопје КАЗНЕТИ 199 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, 16 санкции за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 13 санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за непочитување на првенство на минување, седум за некористење сигурносен појас и 68 за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk